fbpx

РКЕ со ново поскапување на бензините

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата, а истата носи поскапување на бензините

Иако минимално, трендот на поскапување на горивата кој е воспоставен во нашата земја и трае веќе извесен период, продолжува и понатаму. Иако минимално и делумно како и минатата недела, сепак Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени, од вечерва на полноќ бензините повторно да поскапат, додека дизелот втора недела по ред останува со иста цена.

Според најновата одлука на РКЕ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ, па се до следната недела, ќе бидат поскапи за половина денар, или за 0,28 проценти, во однос на минатата седмица.

Ова значи дека од вечерва Еуросупер БС-95 ќе се точи за 72 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 74 денари по литар гориво. Како што истакнавме, поскапувањето се однесува исклучиво на бензините, додека дизелот останува непроменет и понатаму, па неговата цена изнесува 63 денари по литар.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,88 проценти, а кај дизелот има намалување за 0,29 проценти.

Поврзани вести

Back to top button