fbpx

РКЕ со „новогодишно“ поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика подготви „новогодишна честитка“ со поскапување на малопродажните цени на горивата

Во првата недела од новата 2022 година ќе имаме поскапи горива, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во согласност со методологијата за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ донесе одлука според која се врши поскапување на горивата во просек за 2,17 проценти во однос на минатата недела.

Според најновата одлука, бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95, како и Еуродизелот, поскапуваат за денар и половина.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 77 денари, додека литар Еуродизел ќе се точи за 65,50 денари по литар.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 4,2, а кај дизелот за речиси 4 проценти.

Поврзани вести

Back to top button