fbpx

Rolls-Royce го тестира своето SUV издание во пустина

Rolls-Royce потврди дека работи под полна паре на тестовите на првиот SUV во гамата, моделот Cullinan

Тестовите се спроведуваат во пустината, недалеку од Дубаи.

CullinanКросоверот е изграден на ултра лесна алуминиумска платформа, која ќе се користи за идните остварувања на британскиот бренд. Според прелиминарните податоци, Cullinan ја добил новата генерација на мотори од седанот Phantom.

Тоа е 6.75-литарски V12 мотор со две турбини кои развива 671 КС и 900 Nm вртежен момент. Моторот ќе работи со 8-степен ZF менувач и погон на четири тркала.

Премиерата на Rolls-Royce Cullinan, која се развива во текот на последните 3 години, е закажана за ова лето. Финалните тестови на кросоверот се доверени на National Geographic, а кампањата The Final Challenge (Последните испитувања) започна во април во планините на Шкотска. Потоа возилото ги посети Австриските Алпи, а сега се испробува во условите на пустината во Блискиот Исток. Тестовите ќе завршат следниот месец во САД.

Cullinan

Поврзани вести

Back to top button