fbpx

За новата ѕверка од SCG – 400.000 долари?!

Засега од компанијата нема многу информации за моделот, но се знае дека погонот е доверен на мотор со моќност од 650 коњски сили, кој речиси сигурно ќе биде опремен со турбополнач, за да се справи полесно со барањата за нивото на штетните гасови

Scuderia Cameron Glickenhaus (SCG) веќе е присутна на пазарот на спортски автомобили со свој модел – SCG003, со цена од два милиони долари. Сега компанијата подготвува втор модел, кој ќе биде достапен за клиенти со „поскромни финансиски можности“ – се очекува неговата цената да е околу 400.000 долари.
Scuderia Cameron Glickenhaus
SCG покажа неколку кадри на детали на новата изведба, за која се претпоставува дека ќе биде со мотор, лоциран пред задната оска. Во исто време од компанијата го опишуваат новиот модел како „многу лесен спортски автомобил” и појаснуваат дека ќе користат карбон за изградба на шасијата и каросеријата. Новиот модел ќе биде со три седишта, што значи дека најверојатно ќе видиме нова интерпретација на одлуката која се користи кај McLaren F1.
Scuderia Cameron Glickenhaus
Другата вест поврзана со новиот автомобил е дека тој ќе има барем неколку тркачки верзии. Од компанијата ветија како GTE / LM опција за Ле Ман и светскиот шампионат за издржливост, а и верзија за најпопуларните GT натпреварувања GT3 и GT4 кои собираат најмногу автомобили од оваа варијанта на трки на високо ниво.
Scuderia Cameron Glickenhaus

Поврзани вести

Back to top button