Во Сингапур се сопира регистрацијата на нови возила?
Властите во Сингапур привремено ја ограничуваат регистрацијата на нови автомобили во градот-држава
Ограничувањето стапува во сила од февруари следната година, а официјално беше објавено деновиве.
Во Сингапур е усвоен коефициент кој го регулира растот на автомобили и мотоцикли. Сега овој сооднос е 0,25, но од февруари ќе изнесува 0,12% на целата територијата на Сингапур. Во меѓу време локалните власти ќе се посветат на понатамошно подобрување на јавниот транспорт. Следното разгледување и евентуалната промена на односот ќе биде во 2020 година.
Единствен исклучок се лесните комерцијални возила, бидејки новите ќе можат да се регистрираат до првиот квартал од 2021 година. Властите сметаат дека тие се потребни за непречено делување на одредени бизниси во градот.
Во Сингапур се сопира регистрацијата на нови возила
Сега, за да купите автомобил во Сингапур, мора да добиете дозвола од локалните власти, која е со рок на траење од 10 години, а потоа треба истата да се продолжува. Некои од овие дозволи се добиваат на лотарија организирана меѓу кандидатите, но во моментов ова е практично затворено. Со цел да се ограничат автомобилите во Сингапур, властите наплаќаат многу високи даноци. На пример, ако автомобилот чини 75.000 долари, тогаш неговата цена во Сингапур изнесува 107.000 долари, а разликата се формира со даноци и такси наметнати од земјата.