fbpx

Škoda откри како ќе изгледа внатрешноста на Enyaq iV

Чешката компанија Škoda ни даде мал увид во тоа како ќе изгледа внатрешноста на Enyaq iV електричниот кросовер во пресрет на лансирањето на моделот на 1 септември

Škoda Enyaq iV електричниот кросовер наскоро ќе пристигне на пазарот, а чешката компанија ја започна својата тизер кампања во пресрет на премиерата. Овој пат, фокусот е ставен на внатрешноста. Во истата, доминира „повеќеслојната“ централна конзола, со централните вентилациски отвори инспирирани од традиционалната решетка на Škoda, а ентериерот се одликува со големиот 13-инчен екран. Покрај инфозабавниот систем, преку овој екран ќе се контролираат и голем број други функции, а Enyaq iV исто така содржи и дигитален инструмент кластер со иновативен head-up екран со функции на augmented reality (проширена реалност).

Škoda Enyaq iV

Централната конзола исто така содржи и мал сектор за брзини пред електричната паркинг сопирачка. Тука очигледно се наоѓа и платформа за бежично полнење на паметните телефони. Амбиенталното осветлување исто така го најде своето место во автомобилот, додека прекривката за седиштата е направена од материјал кој содржи 40 проценти волна и 60 проценти влакна добиени од рециклирани пластични шишиња.

https://youtu.be/JLNU__lvDnY

„Наместо вообичаените нивоа на опременост и големиот број на дополнителни опции, ние го нудиме нашиот нов Design Selections во Enyaq iV за прв пат. Ова се потсетници на модерните амбиенти на живеење, надополнети со совршено координативни бои и материјали“, изјави Норберт Вебер, шефот на ентериерниот дизајн во Škoda.

Базиран на MEB платформата на Volkswagen групацијата, Škoda Enyaq iV ќе пристигне со пет нивоа на моќност, три големини на батерии и погон на задните или сите четири тркала. Моќноста ќе варира од 146 до 302 КС, а базичниот модел ќе нуди автономија од 340 километри со полна батерија, додека најсилната верзија ќе се одликува со автономија од 500 километри.

Поврзани вести

Back to top button