Škoda произведе 1.000.000 SUV изданија
Škoda Auto објави дека производството на SUV возила на марката достигна респектабилна граница од 1.000.000 единици
Јубилејниот автомобил на Škoda е KAROQ, составен во погоните во Квасини и е наменет за клиент во Шпанија. Тој е со ниво на опрема Ambition, каросеријата му е во Emerald Green зелена боја и располага со 1.5- литарски TSI мотор со 150 коњски сили и роботски DSG менувач.
Од Škoda потенцираат дека SUV историја на марката започнува со лансирањето на моделот YETI. Во 2009 година, од кој до моментот на прекинот на производството лани, кон клиентите беа дистрибуирани повеќе од 684.000 единици. SUV фанзивата на Škoda продолжи пролетта минатата година, кога брендот го воведе KODIAQ, следен подоцна есента од KAROQ. Од пролетта оваа година, брендот може да се пофали со уште еден SUV модел KAMIQ, специјално развиен за кинескиот пазар.
Во моментов Škoda ги произведува своите SUV модели во Чешка, Индија, Русија, Кина и Германија. Со најмногу остварувања, по YETI со неговите 684 500 единици, може да се пофали KODIAQ (215.700), а потоа се подредуваат KAROQ со 87.800 и KAMIQ со 12.000.