Следниот Nissan GT-R ќе биде најбрз автомобил во светот
Новиот Nissan GT-R ќе стане најбрзиот сериски спортски автомобил во светот и ќе биде за употреба, како на тркачка патека, така и за на јавни патишта. Ова го најави главниот дизајнер на Nissan, Алфонсо Албаис, цитиран од Autocar.
Од зборовите на Албаис, јасно е дека идниот модел нема да наликува ни близу на креацијата претставена претходно овој месец, развиена заедно со студиото Italdesign. Машината ќе биде поблиску до концепцискиот Vision Gran Turismo прикажан во 2014 година. Дизајнерот додаде дека инженерите на Nissan имаат неверојатно тешка задача, бидејќи новиот GT-R мора да биде многу моќен и многу брз автомобил кој ги надминува сите свои конкуренти. Албаис не сакаше да даде технички детали за машината, но не ја негираше можноста за поставување на хибриден погон.
-Ние сè уште не сме ги анализирале сите опции, како за шасијата, так и за моторот. Во моментов ја бараме најдобрата можност, бидејќи следниот GT-R мора да биде помоќен од сегашниот, дизајнерот мистериозно објасни дизајнерот.
Сегашниот Nissan GT-R се потпира на 3.8-литарскиот V8 со две турбини, кои во базната варијанта развиваат 560 КС. Сигурно во новата генерација моќноста ќе достигнува 600 КС.