SoftBank стекнува 20% од Uber
Според информација на Wall Street Journal јапонскиот технолошки гигант SoftBank купил 20 отсто од компанијата Uber
Како резултат на ова, a и севкупно проблематичната година за американската фирма, рејтингот на Uber падна за импресивни 30 отсто, од околу 70 на 48 милијарди долари.
Дел од купените акции на SoftBank се од досегашни инвеститори во Uber, а тие беа истргувани според новиот рејтинг, односно намалена цена.
Јапонската групација ќе добие дополнителни една милијарда долари акции од Uber, врз основа на порано направената и поповолна проценка, од 70 милијарди долари.
Само пред неколку дена, Европскиот суд на правдата (ЕСП) објави дека услугата што ја нуди Uber е таксирање и затоа бизнисот на компанијата треба да се регулира како таков. За сите дополнителни работи, со кои работи и делува компанијата, а дел од нив и најавува, секако ќе треба да се достави и потребна документација.