fbpx

Сопствениците на електрични возила ќе можат да го бираат звукот на моторот

Тивките електрични автомобили се добри, но не и најбезбедни

Проблемот со електричните автомобили е тоа што тие се премногу тивки, па на пример можноста да удрите пешак со електричен автомобил без тој да го предвиди тоа е многу голема. Ова предизвикува загриженост како кај купувачите така и кај производителите. Поради тоа се смета дека електричните автомобили треба да произведуваат некаков шум за да ги известат другите за нивното присуство во сообраќајот.

Размислувајќи за тоа, американскиот орган надлежен за безбедност на патиштата, вели дека сопствениците на електрични автомобили треба да можат да изберат звук за „моторот“ на нивните тивки електрични автомобили. Исто така, се изјасни дека овие автомобили мора да прават бучава додека патуваат со брзина поголема од 31 км на час.

На производителите на електрични автомобили им беше наложено да го спроведат пропишаниот минимум до 1-ви септември 2019, но сепак сето ова се пролонгира за 2020 година. Сепак производителите превземаат различни чекори околу решавење на оваа проблематика, на пример Porsche нуди надградба од 500 долари за моторот на нивните електрични автомобили да звучат како бензинец. Од друга страна, Mitsubishi и Mercedes веќе имаат опции како нивните електрични автомобили да емитуваат звуци.

Поврзани вести

Back to top button