fbpx

Stellantis подготвува заеднички развиени Alfa Romeo, DS и Lancia модели

По спојувањето на FCA и PSA, Stellantis официјално постои веќе неколку недели, но новиот производител веќе започнува со работа на Alfa Romeo, Lancia и DS

Една од главните задачи за Stellantis ќе биде рекуперацијата на брендот Lancia кој ќе стане премиум бренд, а Auto News Europe пренесува дека новиот производител веќе започна со работа на заеднички развиени модели за Alfa Romeo, DS и токму Lancia. Деталите околу овој проект засега се ограничени, но ANE пренесува дека овие заднички развиени модели ќе споделуваат погонски опции, како и „премиум карактеристики“. Ова не се многу информации, но продукт менаџерот на DS, Мерион Дејвид истакна: „Работиме со нашите италијански колеги за специфични премиум модули, погони и карактеристики со цел да ги разликуваме премиум брендовите од мејнстрим брендовите“.

Stellantis

Дејвид исто така истакна дека планот на DS Automobiles да лансира еден нов модел секоја година останува на сила и ќе продолжи и понатаму. Сепак, по 2023 година, компанијата ќе се насочи кон спроведување на синергии кои FCA и PSA се насочија да ги достигнат како дел од спојувањето. Како резултат на тоа, новата генерација на Stellantis премиум возилата ќе пристигнат во 2024 или 2025 година.

 

 

 

 

Alfa Romeo подготвува уште еден кросовер

Додека заеднички развиените модели се уште се далеку, публикацијата открива дека Alfa Romeo ќе добие уште еден кросовер. Во моментов малку е познато за тој модел, но наводно ќе биде поставен на CMP архитектурата и ќе се произведува во Полска. Предвидено е да пристигне во 2023 година и ќе биде поставен меѓу Stelvio и Tonale.

Кога сме кај Tonale, овој модел се очекува да дебитира оваа есен и ќе биде мошне сличен со концептот кој беше претставен на Салонот во Женева во 2019 година. Моторните опции остануваат непотврдени, но се очекува да ги споделува истите агрегати како и Jeep Renegade.

Stellantis

Ова значи дека кросоверот ќе има турбо 1,3-литарски бензински мотор со моќност од 130 и 180 КС. Не е исклучено да пристигне и plug-in хибрид со 190 и 240 КС со опсег на движење на струја од 42 километри според WLTP циклусот.

Поврзани вести

Back to top button