fbpx

И Subaru со адут во сегментот на големите SUV изведби

Subaru ја подготвува премиерата на голем теренски автомобил со три реда на седишта за автосалонот во Лос Анџелес на крајот на следната недела

Машината ќе биде именувана Ascent, а сеуште не е познато на кои пазари ќе биде понудена.

Моделот е изграден на платформата Subaru Global Platform, која Јапонците ја користат и за новите Impreza и Crosstek. Погонот ќе му биде доверен на 4-цилиндерскиот, со директно вбризгување, боксер со турбополнач кој ќе го пренесува моментот на сите четири тркала. Ascent е концептен наследник на веќе повлечената од производство Tribeca, кој не беше меѓу најуспешните модели на компанијата.

Subaru

Дизајнот на новиот голем SUV ќе биде инспириран од концептот Viziv-7. По дебито во Лос Анџелес следната недела, Ascent ќе биде достапен за продажба прво во САД на почетокот од следната година. Доколку воопшто стигне до Европа, автомобилот ќе се појави на нашиот континент до крајот на 2018 година.

Поврзани вести

Back to top button