Tesla Model 3 е способен и да се одбрани од хулигани
Еден Tesla Model 3 автомобил успеа да исплаши двајца напаѓачи кои се обиделе да го уништат приклучокот за полнење, при што беа мошне агресивни
Инцидентот се случил во Park MGM хотелот во Лас Вегас, а се било забележано од камерата на нападнатото возило. Возилотo веднаш по почетокот на нападот за тоа ги извести своите сопственици, по што тие за нападот го известиле обезбедувањето. Снимката почнува во моментот кога еден од напаѓачите му приоѓа на возилото Tesla Model 3 и се обидува да ја отвори вратата, додека вториот во истото време се обидува да ја исклучи приклучокот за полнење. Напаѓачите потоа почнаа да шутираат станицата за полнење, за возилото во тој момент да ги вклучи портокаловите светла, што ги обесхрабри хулиганите кои се оддалечија од возилото.
Сопствениците на ово Tesla Model 3 подоцна објасниле дека во возилото била активирана Sentry Mode опцијата, која се однесува како напреден безбедносен систем за Tesla возилата, па го активира алармот во случај да процени дека возилото е во опасност, вклучувајќи ги сите екрани во возилото, пушта музија и ја засилува до максимум, на телефонот на сопственикот испраќа предупредување за напад и автоматски почнува со снимање на инцидентот.