Tesla Model Y ќе пристигне побрзо од планираното
Според некои шпекулации кои ги пренесоа голем број медиуми, првиот Tesla Model Y би можел да се појави веќе до крајот на јануари
Постојат индиции дека Tesla Model Y на пазарот ќе се појави уште порано од планираното, а тоа во јавноста излезе како гласина која потекнува од луѓе кои се вработени во Tesla.
Информациите од САД велат дека првиот Model Y на пазарот ќе се појави за помалку од две недели, односно кон крајот на јануари, или почетокот на февруари. Сето ова не треба да биде изненадување со оглед на тоа дека според многу информации Model Y има потенцијал да биде првиот автомобил на Tesla кој ќе пристигне пред закажаниот датум.
Многумина сметаат дека Tesla треба да почека со лансирањето на Model Y бидејќи може да го украде продажниот удел на екстремно популарниот Model 3. Ова има смисла бидејќи добро знаеме и забележавме дека Model 3 влијаеше на продажбата на перјаниците на компанијата Model S и Model X.
Како и да е, во Калифорнија веќе можат да се забележат тест моделите, а прв пат се појавија овој месец како и некои податоци кои досега не можевме да ги видиме јавно.
Ова секако не е гаранција дека веќе кон крајот на јануари на улиците ќе можеме да го видиме Tesla Model Y, но ваквата работа фановите на овој производител на електрични автомобили секако ќе ги израдува.
Како и да е, само времето ќе покаже кога Model Y официјално ќе се појави во продажба, како и тоа колку возила се порачани, колку електрични кросовери компанијата може да произведе во ограничена временска рамка и дали може или не Тесла да продолжи да покажува добивка заснована врз тековната состојба.