Токио 2019: Nissan со IMk спремен за електричната доба
Ова е Nissan Imk, концепт кој јапонскиот производител го нарекува „екстремен градски патник“, а официјално треба да го претстави на Саемот во Токио
Концептот се базира на новиот дизајн на Nissan „Безвременски јапонски футуристизам“, a доаѓа со црвеникава бакарна боја наречена Akagane. Како контраст се употребени бројни сребрени акценти, како А-столбот и предната решетка.
Внатре, концептот го претставува радикалното заминување на она што го знаеме од сегашните возила од производството на Nissan, при што вклучува светло сива ткаенина низ таблата и управувачот, за која се вели дека обезбедува „пријатна атмосфера“. Присутни се и дрвени завршетоци како и амбиентално осветлување.
Како и многу нови автомобили, IMk Concept ги отфрла традиционалните физички копчиња, а сите контоли за климатизација, греење и друго, се наоѓаат во холографските дисплеји, кои покажуваат кориснички информации за возилото.
„IMk го претставува модерниот и чист изглед, управуван од јапонското наследство, со врвна технологија за електрични возила. Неограничен со конвенционалните концепти на сегментот на автомобили, неговиот дизајн е испреплетен со јапонската култура. Тоа е луксузно мало електрично возило кое се надевам ќе биде посакувано од многу клиенти“, изјави извршниот директор за дизајн на Nissan, Сатору Таи.
Од Nissan не открија детали околу електричниот погон на автомобилот, но вели дека автомобилот е опремен со своите најнови технологии за напредна помош на возачот ProPILOT и многу врски за лесна конекција.