Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС
Toyota ја претстави GR Supra верзијата со 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој наместо 340, сега располага со импозантни 387 КС
Со исклучок на Supra GT4 која е направена исклучиво за тркачките паткеи, најсилната Supra од петтата генерација која може да се користи на јавните патишта сега се напојува од 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој сега има поголема моќност, па наместо досегашните 340 КС, развива 387 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Паралелно со претставувањето на оваа „ѕверка“, Toyota ја претстави и поевтината GR Supra со 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со 258 КС.
Во Toyota одделот Gazoo Racing, покрај зафатот на BMW битурбо моторот, чии потенцијал на задната осовина и понатаму се пренесува со посредство на ZF осумстепениот автоматски менувач, се погрижија и околу елементите на адаптивниот систем на потпирање и управувачкиот систем, а оваа помоќна варијанта на Supra од 0 до 100 километри на час стигнува за 4,1 секунда и сосема сигурно може да развие значително повеќе од електронски ограничените 250 километри на час.
Без оглед на изборот на мотор и пакетот на опрема, потенцијалните купувачи на GR Super, која ќе се најде во продажба од јуни, ќе можат да сметаат на 8,8-инчен екран од инфозабавниот систем, а во Toyota подготвија и уште неколку уште побогати опциони пакети со кои пристигнува и врвниот аудио систем со 12 звучници и неколку безбедносни и системи за асистенција на возачите.
Ексклузивитетот му припаѓа на бројно ограничениот модел GR Supra A91 Edition кој ќе биде понуден само во 1.000 примероци. Автомобилот ќе биде достапен во две бои, Nocturnal Black или Refraction Blue, а последната ќе биде ексклузивна за овој модел. Кога станува збор за екстериерот, GR Supra A91 Edition ќе добие карбонски детали, како што се куќиштата за ретровизорите и задниот спојлер.
Испораките на 2021 GR Supra започнуваат во јуни, а Toyota се уште не ги открива цените за ниту еден од своите модели.