fbpx

Toyota со рекордни продажби на хибриди во 2017 година

Toyota продава електрифицирани возила над 20 години

Првата генерација на хибридниот Prius беше лансирана во Јапонија во 1997 година. Долги години се спореше дали Јапонците профитираа или не од развојот на овој модел, но е факт дека Toyota успеа да се претвори во симбол на хибридните технологии.

хибриди

Во есента на 2015 година компанијата претстави листа на цели кои сака да ги постигне, насловена како Environmental Challenge 2050.

Една од овие цели е компанијата да достигне 1,5 милиони годишна продажба на хибриди до 2020 година, а тука се вклучуваат и резултатите на Lexus. Се испостави дека таа цел е постигната многу порано, бидејки за 2017 година Toyota забележа 1,52 милиони продадени електрифицирани возила.

Во споредба со 2016 година зголемувањето е 8%, а од дебито на првиот хибрид вкупната продажба на компанијата на електрифицирани возила достигна11,47 милиони единици. Според Toyota, тоа доведе до намалување од 90 милиони тони на јаглероден диоксид на глобално ниво.
хибриди

Другите цели, вклучени во Environmental Challenge 2050 се исто така интересни. Тие вклучуваат постигнување на 30.000 продажби годишно на автомобили со горивни ќелии до 2020 година, масовно производство на електрични возила до 2025 и постигнување на 5,5 милиони продажба на електрифицирани возила годишно до 2030. Така Toyota ќе го исполни својот план да се намали за 90% количеството одвојување јаглерод диоксид од произведените автомобили од компанијата.

Поврзани вести

Back to top button