fbpx

Тренески најдобар меѓу Македонците на Словакиа Ринг

Со првата трка на Словакиа Ринг во близина на Братислава, во рамките на вториот меѓународен „излет“ сезонава за македонските тркачи, се одржа вториот натпреварувачки викенд на Твинго Куп

Второто натпреварување во рамките на Твинго Купот започна денеска со првата трка на „Словакиа ринг“ во Словачка. Ова беше втор интернационален предизвик за возачите на АКК Рено Спорт, а истиот донесе голем број возбудувања и навистина интересна трка.

Македонските тркачи имаа солиден настап во близина на Братислава, а најдобриот пласман на денешната трка го забележа Владимир Тренески, кој на крајот успеа да финишира како 11-ти, а со тоа го освои првото место меѓу Македонците во бодувањето за Твинго Купот. Зад него заврши Ангелче Стојковски, додека на третото место меѓу македонските натпреварувачи беше Емил Нацка, кој настапот го заврши на 16-тото место.

Овие тројца натпреварувачи беа најдобри во рамките на бодувањата за домашниот шампионат и на крајот се искачија на победничкиот подиум. Од останатите возачи, Милан Ѓорѓевиќ беше 17-ти, а зад него целта ја мина Давид Малинковски. Зоран Мирковски беше 20-ти, а Ненад Костовски финишираше на 24-тото место.

Малинковски имаше одлично возење, а тој заедно со Тренески, успеаја тимски да се пробијат кон водечката група на стартот на трката. Малинковски во еден момент успеа да дојде и до третото место, но во петиот круг на правецот на стартно-целната рамнина имаше контакт со еден од ривалите по што излета од патеката.

Ангелче Стојковски со денешното второ место и освоените 15 бодови изби на првото место во генералниот пласман во домашниот шампионат со 42 бода.

Словакиа

Тимот на „Аутомотив Груп“ има време до утре да ги поправи возилата и да ги подготви за втората трка, која стартува во 10:50 часот.

Победник на денешната трка на Словакиа Ринг беше Ник Стефанчич од Словенија, за кого ова беше втор триумф сезонава во рамки на „Твинго Купот“, кој се бодува и за FIA CEZ. Лука Глазер финишираше како втор, додека третото место го освои Том А. Груенфелд.

Поврзани вести

Back to top button