fbpx

Сите почести за Honda Accord, Volvo XC60 и Lincoln Navigator

Традиционално во пресрет на автосалонот во Детроит организаторите ги објавија победниците на годишниот конкурс „Најдобар автомобил на Северна Америка“ (The North American Car, Utility and Truck of the Year)

Според изборот на жирито, титулата кај патничките автомобили и припадна на Honda Accord, кај кросоверите на Volvo XC60, а кај големите теренци – Lincoln Navigator. Во својата категорија, моделот на Honda доби најмногу гласови во конкуренција на Kia Stinger и Toyota Camry. Шведскиот SUV беше поуспешен од Alfa Romeo Stelvio и Honda Odessey, додека Navigator ги остави зад себе Chevrolet Colorado ZR2 и Ford Expedition.

Lincoln Navigator

Lincoln Navigator

Минатата година за победниците на конкурсот беа прогласени Chevrolet Bolt, Honda Ridgeline и Chrysler Pacifica. Специјалното жири вклучува новинари од автомобилските изданија од САД и Канада.

Поврзани вести

Back to top button