fbpx

Aston Martin направи уникатен Vanquish S Volante

Британскиот производител на премиум-автомобили Aston Martin разработи посебна верзија на својот модел Vanquish S Volante

Таа е посветена на суперѕвездата на Националната фудбалска лига (NFL) на САД – Том Брејди.
Автомобилот има добиено името Tom Brady Signature Edition и е обоен во посебна темно-сина боја. Некои елементи од каросеријата, кои се направени од композитни материјали, се оставени намерно без посебна боја.

Во создавањето на машината бил вклучен и самиот Брејди. Затоа и автомобилот ќе добие лого TB12 (тоа е бројот на одбранбениот играч на Њу Ингланд Петриотс), поставен во предниот дел, како и на потпирачите за глава на предните седишта. Техничкиот дел на ексклузивниот Vanquish S Volante не е променет. Автомобилот се движи од 6.0-литарски V12 мотор, развива моќност од 580 КС. Ова му овозможува максимална брзина од 320 km/h. Од возилото ќе бидат направени само 12 примероци, кои ќе се нудат само на пазарот во САД. Цената на секој од автомобилите е 359.000 американски долари.

 

Поврзани вести

Back to top button