fbpx

Velar доби унапредени мотори и нов plug-in хибрид

Land Rover одлучи да ја освежи поставата на Range Rover Velar, па така сега тука се серија нови технологии и погонски опции

Потенцијалните купувачи на Range Rover Velar за прв пат ќе имаат шанса да го изберат моделот P400e кој се карактеризира со 2,0-литарски четирицилиндричен мотор, 105 kW електромотор и 17,1 kWh литиум-јонска батерија поставена под подот на багажникот. Овој погонски склоп испорачува вкупно 398 КС и 640 Nm максимален вртежен момент. Од нула до „стотка“ стигнува за 5,1 секунда.

Plug-in хибридниот Valer, односно неговата батерија, може да се наполни до 80 проценти за 30 минути преку брз полнач, а овој SUV исто така нуди и автономија од 53 километри користејќи исклучиво електрична енергија.

Land Rover исто така ги претстави и своите најнови 3,0-литарски Ingenium шестцилиндрични мотори во опсегот на Velar. Ова се сочинува од дизелскиот D300 и бензинскиот P400, двата модели пристигнуваат со 48-волтен благ хибриден систем. За споредба, Velar P400 испорачува 394 КС и 550 Nm максимален вртежен момент, а до „стотка“ стигнува за 5,2 секунди.

Velar

Семејството на Range Rover Velar за 2021 година сега исто така се нуди заедно со најновиот 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор во D200 форма во комбинација со 48-волтен благ хибриден систем. Меѓу останатите поголеми унапредувања за 2021 моделската година е вградувањето на најновиот Pivi и Pivi Pro инфозабавен систем на Land Rover.

Velar

„Името на Range Rover Velar и неговата врска датираат уште од кодното име на оригиналните Range Rover прототипови. Поминаа 50 години од претсатвувањето на пионерскиот Range Rover во 1970 година, а сега секој член на семејството е електрифициран со нашата фантастична plug-in хибридна технологија. Електрифицираните погони и почистите благи хибридни дизел мотори значат дека Velar е уште поефикасен и поодржлива опција за нашите купувачи“, изјави извршниот директор за производствен инженеринг на Jaguar Land Rover, Ник Роџерс.

Поврзани вести

Back to top button