fbpx

Викенд тарифа: Maserati MC20 има страшно забрзување

Италијанскиот производител Maserati има големи очекувања од новиот MC20 бидејќи со овој модел се одбележува враќањето на марката во сегментот на суперавтомобили

Во теорија, Maserati MC20 нуди навистина ветувачки перформанси, но се уште останува да ги видиме на дело возните карактеристики на новиот суперавтомобил на италијанската компанија. Според официјалните бројки на Maserati, на MC20 му се потребни помалку од 2,9 секунди за да стигне од 0 до 100 км/ч, а максималната брзина изнесува 325 километри на час.

MC20 се напојува од новиот битурбо 3,0-литарски V6 мотор наречен Nettuno и е 100-процентна изработка на Maserati. Агрегатот испорачува 630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент, а како сето тоа изгледа на патеката, можете да погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button