fbpx

Volkswagen ги избра имињата за своите нови SUV модели

Германската компанија Volkswagen во текот на 2020. година ќе претстави 34 нови или редизајнирани модели, а меѓу нив ќе има и десет нови кросовери и SUV автомобили

Еден од нив веќе е најавен под името Nivus, кој ќе се најде во продажба во Бразил во вториот квартал од следната година, додека на европскиот пазар се очекува да пристигне во 2021. година. Што се однесува до останатите модели, тие ќе се базираат на веќе започнатото „Т“ семејство во кое се наоѓаат T-Roc и T-Cross. Ова се имињата кои се веќе патентирани во Германија и Volkswagen ќе ги користи за своите модели.

Така, споменатиот Nivus во Европа би можел да се продава под името T-Sport, додека моделот кој во Северна Америка е познат под името Atlas, на Стариот континент би можел да биде пласиран под името T-Coupe. Се споменува и уште едно име T-Go, веројатно резервирано за некој помал модел како што е концептот од 2012. година, Taigun.

Во секој случај, Volkswagen новите кросовери ќе ги базира на својата MQB платформа, а во понудата ќе се најдат и возила со големина од најмалите модели како што е Polo, па се до „гигантските“ седмоседи со должина од преку пет метри.

Поврзани вести

Back to top button