fbpx

Volkswagen го објави првиот тизер за Amarok

За време на редовната годишна прес-конференција на Volkswagen, германскиот гигант ја најави и новата генерација на моделот Amarok кој пристигнува во соработка со Ford

Малиот кросовер на Volkswagen, Nivus, не е единствениот новитет кој беше пласиран како тизер од страна на германскиот гигант за време на годишната прес-конференција, со оглед на тоа дека и втората генерација на Amarok е најавена преку цртеж.

Пикапот на Volkswagen би требало да се појави на пазарот во 2022 година, доколку не се случат некои неочекувани одложувања. Amarok ќе биде плод на првата соработка меѓу германскиот гигант и Ford. Соработката на овие две компании е договорена во јануари минатата година и иако не се познати сите детали од договорот, официјалните лица на Volkswagen и Ford потврдија дека меѓу останатото ќе соработуваат на полето на комерцијалните возила и пикап моделите.

Ова е сосема логичен потег на Volkswagen, со оглед на тоа дека Ford е експерт за споменатата класа. Така, новиот Amarok ќе биде практично „близнак“ со Ford Ranger. Дизајнерскиот цртеж најавува агресивен изглед на „набилданиот“ Amarok, но сепак, треба да се има предвид дека скицата која ја објавија од Volkswagen не го отсликува реалниот изглед на престојниот модел. Стандардна „процедура“ на производителите е цртежите со кои се најавува некој сериски модел обично возилото да се претставува со поагресивен изглед, што е маркетиншка кампања за привлекување на вниманието на јавноста. Amarok е претставен со масивна хауба, џиновски тркала, оф-роуд тркала и без рачки на вратите. Сето ова повеќе се елементи кои треба да го привлечат вниманието, отколку реален продукциски модел.

Ford и Volkswagen ќе соработуваат на повеќе модели

Инаку, како плод на соработката меѓу Ford и Volkswagen, покрај тандемот Ranger-Amarok, би можел да се појави и нов Ford Transit Connect базиран на новата генерација на Caddy.

Како и да е, јасно е дека втората генерација на Amarok сигурно нема да изгледа идентично како на фотографијата, но исто така сигурно ќе задржи и некој од основните стилски одлики кои можат да се забележат на цртежот. Се очекува во јавноста најпрво да се појави Ford Ranger, додека Volkswagen Amarok својата премиера би требало да ја доживее нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button