fbpx

Volkswagen Golf со нови мотори

Volkswagen ја започнува новата година со додавање на дополнителни мотори за гамата на најпопуларниот модел во историјата Golf

Најголемата вест е сосема новоразвиениот 1.5- литарскиот турбо бензински мотор TSI кој развива 130 КС.

Новината ќе биде достапна со 6- брзински мануелен менувач или 7- степен автоматски со две спојки. Со овој мотор, на Golf му се потребни 8,8 секунди за да достигне 100 km/h. Нема официјални податоци за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Друга иновација е 4×4 Volkswagen Golf Alltrack, кој добива 1.8-литарски TSI мотор, кој развива 180 КС и го забрзува возилото до 100 km/h за 7,5 секунди.

Единицата се приклучува на веќе достапните различни моќни верзии на 2.0-литарскиот TDI. Промените сеуште не се однесуваат на сите пазари, но во поголемиот дел од Европа, веќе можат да се нарачаат новите агрегати.

Поврзани вести

Back to top button