fbpx

Volkswagen ќе ги продава ID возилата само преку интернет

Volkswagen го менува начинот на продажба на своите електрични автомобили од ID семејството и тоа ќе го прави исклучиво преку дигитални канали

Сите заинтересирани купувачи кои сакаат да се подноват со некој од електричните автомобили од ID семејството на Volkswagen, ќе можат да го нарачаат своето возило директно од германската компанија и ќе го изберат пожелниот дистрибутер. Наместо на продажба, дистрибутерите сега ќе биде фокусирани на организирање тест возења и олеснување на трансакциите, па ќе се погрижат клучевите од автомобилите да стигнат во рацете на сопствениците без никакви проблеми. Цените на возилата, плус провизиите на дистрибутерите се фикси, а тоа на застапниците ќе им донесе одредено финансиско олеснување.

Сепак, сето ова не значи дека се исклучуваат продажните салони од целата приказна. Германската компанија сака преку процесот на интернет купување да ја минимализира потребата за „трупање“ на залихи на автомобили, па производството ќе се одвива по принципот на добиени нарачки. Освен тоа, купувањето преку интернет ќе се одвива на тој начин што автомобилот ќе има фиксна цена. Освен тоа, оние кои не се снаоѓаат најдобро со купувањето преку интернет, ќе можат истото да го направат во салон, со присуство на советник кој ќе им помогне што е можно полесно да го завршат процесот на нарачувањето.

Новиот систем го усвојуваат сите малопродажни партнери на Volkswagen ширум светот, а во Европа пристигнува следниот месец кога ќе започне продажбата на моделот ID.3. Ова е уште еден начин за електричните автомобили да ја променат автомобилската индустрија, како и да се зголеми продажбата на самите електрични возила. Отстранувањето на застапниците од „равенката“ би требало да ја поедностави целата постапка за купување, особено бидејќи купувачите на електрични возила веќе знаат што сакаат.

Ваквата постапка е доста слична на онаа која ја прави Tesla со своите автомобили. Сепак, една разлика ќе биде клучна. Американската компанија за електрични автомобили доставува директно на адресата на купувачите, додека Volkswagen возилата ќе ги испорачува во посакуваниот салон кој купувачот сам ќе го избере.

Поврзани вести

Back to top button