fbpx

Volkswagen ќе го претстави ID.1 како замена за e-Up

Во Volkswagen планираат да започнат со производство и на мал електричен модел, кој ќе биде претставен во концептна верзија до 2023 година

Volkswagen ID.3 ветува нова ера кога станува збор за „мејнстрим“ електричните возила, но по него се очекува да пристигне многу попристапен и помал електричен хечбек. Според информациите, германскиот производител работи на електричен градски автомобил под кодното име e-Zzity, а кој ќе го понесе името Volkswagen ID.1.

Овој автомобил ќе биде дизајниран да го замени e-Up! Станува збор за мал хечбек со пет врати кој ќе има стилски примеси на ID.3. Исто така, се очекува да има и доста голем број работи изведени од останатите електрични модели на VW, како ID.1 Crozz кросоверот и e-Roomzz.

Исто како и ID.3, така и Volkswagen ID.1 се очекува да биде поставен на MEB платформата. Сепак, архитектурата се очекува да биде намалена со цел да се скратат трошоците за производство. Ова не е единствената мерка за штедење, поради тоа што ID.1 наводно ќе има и мали батерии со капацитет од 24 kWh и 36 kWh. Со помоќната батерија, автомобилот би имал автономија од околу 298 километри. Тоа не се големи бројки, но опсегот и автономијата не се во принцип главните каратеристики за малите градски електрични автомобили.

Според информациите,Volkswagen ID.1 ќе биде претставен како концепт во 2023 година, а ќе започне да се произведува две години подоцна. Шефот на Volkswagen брендот, Ралф Брандштатер, не сака да споделува детални информации, но тој истакна: „Работиме на батериско електрично возило кое ќе чини под 20.000 евра – можеме да ја намалиме MEB архитектурата со помалку содржина за да ги намалиме трошоците“.

Поврзани вести

Back to top button