fbpx

Volkswagen наскоро ќе одлучи за судбината на Bugatti

Групацијата Volkswagen наскоро треба да донесе одлука околу судбината на Bugatti и евентуалното спојување со хрватскиот производител Rimac

Веќе е познато дека Volkswagen планира да го ревидира статусот на некои од своите брендови во портфолиото, а еден од нив е и Bugatti. Според извештаите од септември 2020 година, Volkswagen групацијата планира да го предаде брендот Bugatti во рацете на Rimac Automobili, а во замена за тоа Porsche да добие поголем удел во хрватската компанија за производство на електрични суперавтомобили. Германскиот гигант засега беше таинствен околу потенцијалниот договор, но во интервју за германскиот весник Automobilwoche, шефот на Porsche Оливер Блуме откри нови детали.

„Во моментов постојат интензивни размислувања околу тоа како Bugatti може да се развива на најдобриот можен начин. Rimac може да ја одигра клучната улога тука бидејќи брендовите се одличен технолошки фит. Постојат голем број сценарија со различни структури. Верувам дека проблемот ќе биде решен од страна на групацијата во првата половина од оваа година“, изјави Блуме.

Шефот на Porsche веројатно е најверодостојниот човек кој може да зборува на оваа тема, бидејќи покрај тоа што го предводи славниот германски бренд, тој исто така е и во бордот на директори во Volkswagen групацијата.

Според шпекулациите од минатата година, уделот на Porsche во Rimac би можел да се искачи од актуелните 15,5 проценти до речиси 49 проценти, со тоа што Rimac во тој случај ќе го добие Bugatti брендот без никаков паричен надоместок. Според актуелната ситуација, Мате Римац поседува 47,7 проценти од својата компанија Rimac, додека Camel Group и Hyundai Motor Group имаат по 14 проценти.

Спојувањето на Rimac и Bugatti би можел да биде одличен потег и за хрватската компанија, но и за Bugatti, кој ќе може побезболно да ја прифати неизбежната електрификација со цел да ја обезбеди својата иднина, со добивање на технологија од компанија која развива ЕВ погони од своето основање во 2009 година.

Поврзани вести

Back to top button