Volkswagen планира да произведе масивен електричен теренец до 2023
Volkswagen има намера до 2023 година на пазарот да пласира масивен теренец, кое веќе е во развојна фаза и го носи називот Ruggdzz
Информациите за големиот SUV на Volkswagen кружат на интернет веќе подолго од една година. Најпрво беа изнесени плановите за наводниот T-Rug модел кон крајот на декември. До февруари 2020 година овие гласини се се уште актуелни, но овојпат поврзани за ID електричното семејство на VW. Британски Autocar пренесува дека станува збор за возило кое во круговите на VW го носи називот Ruggdzz и кој би требало да се појави на пазарот во 2023 година.
Сепак, британскиот магазин нагласува дека новиот електричен SUV во моментов е во прелиминарна фаза на развој, така што многу работи би можеле да се променат од сега, па до официјалната потврда за лансирање на пазарот. Во извештајот исто така се напоменува дека Volkswagen планира да пласира две верзии на Ruggdzz, една долга 4,6 метри со пет седишта, како и продолжена варијанта со трет ред седишта. Последната варијанта веројатно ќе биде наменета за кинескиот и американскиот пазар.
Оние кои имаат пристап до раниот дизајн на возилото го опишуваат како „модел со исклучително кутиест профил“ со „исправен преден дел и маска со полна ширина во кои се инкорпорирани четвртасти фарови, речиси хоризонтална хауба на моторот, исправен ветробран, речиси рамна линија на покривот и стрмни страници“.
Споменатиот модел, според информациите, радикално се разликува од идниот ID.4, а поседува и специјален C столб со стаклен панел кој го прави делумно провиден, што значи дека дизајнот на кабинскиот простор и страничните профили во целост го разликуваат од останатите кросовери и SUV модели со ID ознаката.
Seat и Škoda би можеле да понудат своја верзија на масивниот SUV
Овој модел ќе се потпира на MEB платформата која дебитираше минатата година со ID.3 хечбекот. Се очекува новиот Ruggdzz да обезбеди погон на сите четири тркала со помош на два електромотори, по еден за секоја осовина. Во игра би можеле да бидат и дополнителни верзии на електричниот теренец, вклучително и екстремен модел со поизразен клиренс, светла поставени на покривот, како и други оф-роуд детали.
Она што е интересно е дека Seat и Škoda исто така би можеле да стават во понудата свои верзии на Ruggdzz, додека во Кина новорофмираниот бренд Jetta би можел да локализира сопствена варијанта.