Возевме Аudi A8 – Иднината на луксузната класа
Аudi A8 или престижната „осумка“ отсекогаш била топ модел од понудата на Audi, а ние би додале и меѓу најекспонираните во VW –концернот
Во својата четвртата генерација, предводникот на брендот го отелотворува идеалот во корпоративниот слоган „Напредок преку технологија” (Vorsprung durch Technik) со својот нов стилски јазик, со иновативен концепт за управување со функциите на допир и систематски електрифицирани елементи на погонот.
Престижната „осумка“ отсекогаш била топ модел од понудата на Audi, а ние би додале и секако меѓу најекспонираните во целокупниот асортиман на VW –концернот. Четвртата генерација на Господарот на прстените блесна минатото лето и веќе е во понуда на нашиот имортер Порше Македонија. Една перјаница од гамата Аudi A8 50 TDI Quattro Tiptronic ја имавме и ние на кратко дружење во нашата редакција.
Аudi A8 пристигнува на автомобилската сцена во 1994 година. Во тоа време Audi многу му посветува внимание на алуминиумот, па А8 пристигнува како вонсериски модел со Audi Space Frame технологија. Уште тогаш во понуда беа изведби со две меѓуоскини растојанија, а на располагање беше и quattro погон. Најценета изведба беше онаа со 4.2 V8 бензински мотор во комбинација со рачен менувач, а од дизелашите 2.5 TDI. Првата генерација мина низ два фејслифтинга. Во 2002 година лансирана беше втората генерација (D3), која пристигнува со новините како MM1 infotainment состав, Bi-Xenon HID светла, Tiptronic шестстепен менувач и адаптивно воздушно потпирање. Топ понуда е W12, а најпосакувани 4.2 V8 TDI biturbo со 322 КС и најпрестижната S8 со 5.2 V10 агрегат. Третата генерација блесна 2010 година. Наместото на изведбата 6.3 W12 со 500 КС, пристигнува S8, чиј B8 TFSI нуди 550 КС. Најинтересно е што за прв пат се појавува хибридно издание со 2.0 TFSI бензинец и електромотор. Поставен на MLB платформата ова остварување станува лидер во сферата на безбедноста. Во својата четвртата генерација која пристигна неодамна, предводникот е повторно авангарда во автомобилскиот свет, станува првиот сериски произведен автомобил во светот, развиен со цел постигнување на високо автоматизирано движење. Audi најави постепено имплементирање во сериско производство одделни функции за пилотирање, за паркирање и влез во гаража и за движење во густ сообраќај и сообраќаен метеж.
Од стилска гледна точка Audi A8 е дефиниција на зората на новата ера во дизајнот на целата марка. Предниот дел со својата широка, гордо исправена Singleframe решетка, мускулести форми на каросеријата симболизираат спортската елеганција, софистицираност и прогресивен дух.
Новиот A8 ги исполнува во целост ветувањата дадени со концептната дизајнерска студија Audi Рrologue. Луксузниот седан се одликува со стандардна верзија со вкупна должина 5,17 метри, а и A8 L варијантата со плус 13 сантиметри во меѓуоскиното растојание далечина. Марката Audi и овде ги потврдува своите високотехнолошки достигнувања, лесни конструкции и постојан пренос quattro – квалитети кои се содржат во целост во дизајнот на новиот A8. Одлично балансираните пропорции ги истакнуваат во еднаква мера секое едно од тркалата, а големите форми над сводовите на тркалата за возврат даваат визуелен израз на погонот. Силуетата се одликува со „спуштен“ заден дел кој создава купеовска слика. Престижната лимузина својот идентитет го карактеризира и дење и ноќе, привлекувајќи внимание како на најимпресивните HD Matrix LED предни светла со ласерска технологија на Audi, така и со LED лента во задниот дел, во комбинација со задните светла со OLED технологија. Овие елементи отсликуваат уникатна светлосна анимација во моментите кога возачот се доближува или го напушта својот автомобил.
Во новите трендови на луксузната класа слободата е основен стилски елемент. Во споредба со претходниот модел, ентериерот е значително поголем. Палетата од опрема и материјали на тапацирот и покривката е исклучително богата и разновидна, а спроведувањето на секој детал зрачи врвен квалитет – од перфорација во тапацирот на седиштата, до електрозадвижувачкиот механизам за отворање и затворање на решетките. Возачот и патниците може да користат функциите за загревање и за масажа на специјалниот модул со различни видови на поставувања, вграден во задниот дел на седиштето на совозачот. Новата удобна потпора за главата дополнува ексклузивно чувство на удобност и релаксација. Патниците во вториот ред можат исто така да управуваат индивидуално со голем број на функции, како и индиректно со внатрешно осветлување. Тука се новите светла за читање и функција за масажа на седиштата, како и да, подржувачот за лични телефонски разговори со посебна слушалка. Далечинскиот управувач за задните седишта е подвижен уред со голем екран со големина на смартфон што поседува сопствено лежиште во централниот потпирач за раце.
Аudi A8 ги пренесува своите високи стандарди за квалитет и во дигиталната ера, претставувајќи радикално нов концепт за управување со функциите. Тоа ги остава во историјата популарниот контролен инструмент со ротација и притискање, како и сензорите употребени при претходниот модел. Инструментите во голема мера е ослободени од копчиња и прекинувачи, а централната позиција зазема екран на допир со дијагонала 10,1 инчи кој исклучен речиси целосно се спојува со гламурозниот црн панел. Возачот управува со инфозабавниот систем само со допирање на екранот на допир. За контрола на дел од функциите се користи и вториот екран на допир, кој се наоѓа во долниот дел на централната конзола и обезбедува пристап до управувањето со климатизација и удобните функции и поставки. Од овој екран, исто така, можете да внесете текст во системот. Кога возачот активира некоја функција од горниот или долниот екран, тој го слуша и чувствува карактеристичен знак на потврда. Комбинацијата на звучна и карактеристични гестови за управување на сензорските елементи со притискање и лизгање, го прават новиот MMI touch концепт исклучително безбеден, логичен и лесен за користење. Аudi A8 е целосно способен за интелигентна комуникација. Богатата палета на Audi connect исто така вклучува функции за препознавање на сообраќајни знаци и предупредувања за потенцијални опасности – иновативни услуги, користење на принципот Сar-to-X комуникација и се потпираат на колективната интелигенција на Audi, движејќи се по патната мрежа. Целосно оптимизиран систем за навигација обезбедува уште нови можности и погодности – таа е во состојба да се самоконтролира врз основа на штотуку поминатите правци. На овој начин, тој може да му даде на возачот интелигентни предлози во процесот на пребарување. Картата за навигација за возврат има многу детални тродимензионални модели на поголемите европски градови.
Новиот A8 дебитира кај нас со два основни модернизирани V6 турбо мотори – 3.0 TDI и 3.0 TFSI. Во тестниот модел беше дизелскиот агрегат, кој развива максимална моќност од 286 КС. „Меката” хибридна технологија (MHEV – Мild Hybrid Electric Vehicle) му овозможува на автомобилот да се движи по инерција со изгаснат мотор и да го рестартира непречено и незабележливо за возачот и патниците. Исто така, има продолжена функција за старт / стоп и можност за враќање на вишокот на енергија до батеријата од 12 kW. Целосниот ефект од сите овие мерки доведува до натамошно намалување на потрошувачката на гориво. Во однос на директна конкуренција, дизелот V6 има специфичен звук, но речиси е префинет во однос на удобноста при возење, како да е бензински. Значително поголема количина задоволство ветуваат моторите со осум цилиндри ќе се очекуваат во подоцнежна фаза, како и на врвот на линијата W12.
На крајот, ако има нешто такво, за да можеме се да ви пренесеме што содржи новата „осумка“, вака спакуваната верзија во Порше Македонија чини 135.247 евра. Но, за оние љубители на бензинските агрегати тука е основната верзија, која верувајте исто така е „напукана до бесвест“ – Аudi A8 50 TDI quattro tiptronic, за која треба да се издвојат 107.313 евра.