fbpx

Вториот електричен модел на Honda доаѓа во Европа од 2022

Јапонскиот производител Honda планира на европскиот пазар да го пласира и својот втор електричен модел откако во Европа ова лето ќе пристигне Honda e

Целосно електричниот Honda e треба да пристигне на европскиот пазар ова лето, а од јапонската компанија си поставија граница од 10.000 продадени единици годишно за овој модел. Но, од 2022 година, јапонскиот производител планира да пласира уште еден целосно електричен модел на Стариот континент.

Пристигнувањето на вториот целосно електричен модел на Honda во Европа го потврди и потпретседателот на Honda Motor Europe Том Гарднер, но се уште не откри повеќе детали околу сето ова. „Регулаторната агенда во Европа се повеќе го забрзува развојот и префрлувањето на технологијата која гарантира ниска и нулта емисија на штетни гасови побрзо од било кој друг дел на светот“, објасни Гарднер кога станува збор за плановите на Honda поврзани со европскиот пазар.

Јапонскиот производител ја забрзува својата стратегија за електрификација која е базирана во главно на конвенционалните хибриди со цел да се задоволат се построгите регулативи за флотната емисија на CO2 во Европската унија.

Honda неодамна го претстави новиот модел Jazz кој е достапен само во хибридна верзија. Во следните две години ќе понуди четири нови електрифициранин модели, три хибриди и еден целосно електричен модел, а шансите за plug-in хибридни опции засега се мали, иако не се исклучува можноста новиот компактен Civic и Accord или Clarity да пристигнат како plug-in хибриди.

Поврзани вести

Back to top button