VW Golf и натаму на лидерската позиција
Според последните податоци на JATO Dynamics, во изминатиот месец во Европа се забележува намалување на побарувачката на нови автомобили
Според последните податоци на JATO Dynamics: резултатот за септември е 1.461.683 единици, што претставува намалување од 2,2% во споредба со истиот период лани.
И во септември, најдобро продаваниот бренд во Европа продолжува да биде Volkswagen (157.029, -2.7%). Во првите три влегуваат уште Renault (95.160, -1.7%) и Ford (94.297, -14.3%). Кај компаниите и натаму на врвот е Volkswagen Group со пазарен удел од 23.26%. По што се подредуваат PSA (со Opel / Vauxhall) со 14.96%, Renault-Nissan-Mitsubishi 14.05%, BMW Group 7.66%, Daimler 6.93 %, Hyundai-Kia 6.61%, Ford 6.45%, FCA 6.11%, Toyota 4.74% и Tata Group со 1.98%.
Најпродаван нов автомобил во Европа во септември е Volkswagen Golf (+10,8%, 51.500). На второ место со раст од 13,6% до 28.987 единици е Nissan Qashqai, а на трето Renault Clio (26.902, +3%). Со извонредни подобрувања во споредба со минатата година можат да се пофалат Citroen C3 (+50.9%), Peugeot 3008 (+505.7%), BMW 5 (+54.2%), BMW X1 (+55,3%), Fiat Tipo (+56.1 %) и други.
SUV моделите продолжуваат да уживаат постојано зголемен интерес. Само во септември побарувачката им се зголемило со импресивни 14,1% до ниво од 461.571 единици. Пазарниот удел на овие автомобили е зголемен од 27.1% за септември 2016 до 31.6% во изминатиот месец.