VW Golf останува на врвот на Европа
На крајот на првата половина година од 2018 година најпопуларниот модел на евопскиот автомобилски пазар останува на лидерската позиција
Според JATO Dynamics, Volkswagen Golf за 6 месеци има реализација од 257.550 примероци – 8% повеќе од истиот период лани. Renault Clio е вториот најпопуларен автомобил, со продажба од 185.234 единици, или позитива од 1%, а на третото место во оваа рејтинг листа е VW Polo со вкупно 162.924 (+ 4%). На четвртата позиција се најде Ford Fiesta со показател од 157.286 возила (+ 1%), а Топ 5 ги затвора кросоверот Nissan Qashqai, чија продажба за половина година изнесува 134.547 примероци (-1%).