fbpx

XJ ќе остане најпрестижен модел на Jaguar

Иако во Jaguar обрнуваат сè посериозно внимание кон SUV возилата, седаните на марката ќе останат нејзин заштитен знак

Во таа смисла, XJ ќе продолжи да биде најлуксузниот модел на фирмата и кога ќе дебитира следната генерација.

Директорот на одделот за дизајн кај Британците, Јан Кејлам, истакна за Autocar дека XJ нема да биде пренасочен никогаш во SUV возило. Но, со J-Pace, кој би се позиционирал над F-Pace, тоа е можно. Со следната генерација на XJ Jaguar ќе се обиде да потврди седанот како највисока класа, бидејќи тој треба добие сериозно освежување, според зборовите на Кејлам. Причината за ова се токму кросоверите кои остварија сепак поголем дел во продажбата во однос на триволуменските лимузини.
Новиот XJ ќе се појави во 2020 година.

XJ Jaguar

Поврзани вести

Back to top button