Авто Плус 266, ноември 2016
Новиот број 266 на АвтоПлус донесува. Покрај домашните и странските вести, прочитајте за новите модели кои пристигнаа во Porsche салоните во Скопје, Renault и Toyota. Проследете го деталниот прилог за субвенциите за електрични возила како и изјавите на нашите соговорници. Возевме „бесни макини“ на патеката во Ваирано кај нашите парнери, поточно во овој број McLaren 575 LT и Maserati Levante. По нашите улици поминавме неколку дена со Nissan Navara, Ford S-Max i Mazda CX3 дизел. Потоа следуваат ММ страните каде може да ги најдете техно новините, да ги видите сите часовници на Џејмс Бонд, дознаете за Филип Плеин, да украдете идеја од модната недела во Њујорк, како и вежби и совети од Мирко Петровски…