fbpx

ABT со видео премиера за тјунираните RS6-R и RS7-R

Тјунерската куќа ABT неодамна ги претстави своите два проекти RS6-R и RS7-R базирани на Audi RS6 Avant и Audi RS7 Sporback

ABT двата автомобили RS6-R и RS7-R ги претстави преку фотографии во изминатите денови, а сега пред јавноста беше претставена и нивната видео премиера. Двата автомобили пристигнуваат поставени на 22-инчни тркала и имаат четири издувни цевки, а двата модели се лакирани во иста Daytona сива боја со бисерен ефект комбиниран со специјални фолии. RS7-R можеби делува нешто поатрактивно кај поголемиот дел од јавноста поради црвените детали кои создаваат контраст, но сигурно дека нема на што да се замери и кога станува збор за RS6 Avant.

Овој модел, кој од ABT го доби називот RS6-R за спринтот од нула до „стотка“ му се потребни 3,27 секунбди, односно 10,44 секунди до 200 km/h. Автомобилот се напојува со 4,0-литарски V8 мотор кој развива 740 КС i 920 Nm вртежен момент. Од ABT тврдат дека автомобилот без проблем може да достигне максимална брзина од 322 километри на час. Истите перформанси ги поседува и RS7-R.

И покрај оваа моќност, сепак не станува збор за најмоќните модели на Audi со ABT третман, бидејќи првото место го држи RS6-E Hybrid електрифицираниот караван кој испорачува 1.018 КС. Во секој случај, погледнете ја видео премиерата на ABT и моделите RS6-R и RS7-R и се надеваме дека ќе уживате.

 

Поврзани вести

Back to top button