fbpx

BMW официјално ја претстави обновената Серија 5

BMW официјално ги претстави освежените изданија на Серија 5 во двете каросериски изведби кои сега влегуваат во жестока битка со конкуренцијата

Актуелната седма генерација на BMW Серија 5 беше претставена во октомври 2016 година, со тоа што на пазарот се појави во февруари 2017 година. Потоа се појави и новата караванска верзија Серија 5 Touring, а на крајот и спортските M5 и M5 Competition. Сега дојде времето и за рестилизација која BMW официјално ја претстави.

Освежувањето на BMW Серија 5 донесе промени на предните светла, каде како стандардни пристигнуваат адаптивните LED светла, уште поизразена пред маска на ладилникот, односно популарните „бубрези“, како и браници и поизразена графика на задната светлосна група. Тука е и M Sport пакетот, a со тоа и нов преден и заден браник, поголеми предни отвори за воздух, спојлер на багажникот и заден дифузер, како и 18-инчни алуминиумски тркала, M Sport управувач и седишта.

BMW Серија 5

На купувачите ќе им биде понуден и M Sport Edition и тоа со палета на ексклузивни бои, 20-инчни алуминиумски тркала, адаптивни LED предни светла, црвени M кочници… Кога станува збор за внатрешноста, освежената Серија 5 пристигнува со iDrive 7 инфозабавниот систем на BMW со 12,3-инчен екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto конективност, како и 12,3-инчна дигитална инструмент табла.

BMW Серија 5

Електрифицирани погони

Новитет претставува и благиот хибриден систем со 48V стартер-генератор кој се наоѓа кај речиси сите верзии со 4 и 6 цилиндри, а кој е заслужен за подобрување на перформансите и подобра економичност. Треба да се споменат и plug-in хибридните верзии BMW 530e и 530e xDrive со 2,0-литарски бензинец и електромотор, со осумстепен автоматски Steptronic менувач. Комбинираната моќност изнесува 288 КС и 420 Nm максимален вртежен момент. За plug-in хибридниот BMW 545e е предвиден 3,0-литарски шестцилиндричен бензински мотор со погон на сите четири тркала чија комбинирана моќност испорачува 394 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Оваа верзија, како и 530е и 530е xDrive, при возење во чисто електричен режим можат да поминат до 60 километри со лимитирана максимална брзина од 140 километри на час.

Освен тоа, тука се и BMW 530i и 530i xDrive верзиите со 2,0-литарски турбо четирицилиндрични бензински мотори од 248 КС и 350 Nm. Следуваат шестцилиндричните модели 540i и 540i xDrive, со 3,0-литарски TwinPower Turbo мотор од 335 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

BMW Серија 5

Верзијата М550i xDrive под хаубата носи 4,4-литарски TwinPower Turbo V8 агрегат со 523 КС и 750 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 3,8 секунди. Оваа верзија има и M Sport диференцијал и адаптивен систем на потпирање.

Други расположливи верзии ќе бидат и 530e Touring, 545 xDrive Sedan, 520i Sedan, 520i Touring, 530i Touring, 540i Touring, 520d Sedan, 520d Touring, 530d Sedan, 530d Touring, 540 xDrive Sedan и 540d xDrive Touring. По сите овие верзии пристигнува и врвот на понудата, а тоа значи и „дотераниот“ BMW M5.

Поврзани вести

Back to top button