Maserati тестира Levante со V8 мотор од Ferrari
Maserati подготвува конкурент на Porsche Cayenne Turbo, т.е во иднина пристигнува многу помоќен и поспортски скроен Levante
На тестови во Италија беше фатен на дело Levante опремен со 3,8-литарски V8 мотор со две турбини, кој доаѓа од Ferrari, а веќе се користи кај Maserati Quattroporte GTS. Во спортската лимузина моторот е со моќност од 530 коњски сили, но се уште нема информации дали тоа ќе остане така и за Levante, кој се нуди ексклузивно со V6 мотори. Со оглед на блиските врски, барем што се однесува до користените платформи, меѓу Levante и седаните Quattroporte и Ghibli, не би требало да има посериозни проблеми при преместувањето на поголемиот мотор под хаубата на италијанскиот SUV.
Maserati Levante V8
Секако, Levante V8 ќе ги зајакне позициите на Maserati во малиот, но интересен сегмент на скапи луксузни и спортски SUV модели, каде конкуренцијата е се посериозна: Cayenne Turbo, BMW X5 M, Mercedes-AMG GLE 63 S …