fbpx

CES 2020: Nissan го претстави концептот Ariya и новиот систем за 4×4

Јапонски Nissan на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас го претстави својот нов Ariya концепт, а станува збор за кросовер со целосно електричен погон

Овој концепт веќе беше прикажан на авто-салонот Tokyo Motor Show кон крајот на октомври и Nissan тогаш истакна дека овој електричен кросовер со два мотори може да се пофали со фантастично забрзување, наградуваната технологија за помош во возењето ProPILOT 2.0 од најновата генерација и целосно нова дизајнерска линија на овој бренд.

Nissan со концептот Ariya најавува нова ера и ново поглавје во филозофијата за создавање на напредни возила.

Сега Nissan објави дека Ariya концептот содржи нова технологија под називот е-4FORCE за управување на системот за погон на сите четири тркала со два електромотори, по еден сместен на секоја осовина.

Nissan

Оваа технологија овозможува истовремен вртежен момент на сите четири тркала, со што се постигнува рамномерна, предвидлива сила и управливост на ниво на голем број премиум спортски автомобило.

Самото име е-4ORCE е изведен како сложенка во која „е“ ја претставува технологијата на Nissan која овозможува 100-процентен систем за погон на електричен мотор, 4ORCE ја евоцира физичката сила и енергија со „4“ која стои за способност на конотрола на управувањето на сите тркала.

„Технологијата 4ORCE со два мотори за управување на сите тркала нуди прецизно управување и стабилност, што на возачите им дава поголема самодоверба и уште повеќе возбуда од претходно“, изјави Такао Асами, потпретседателот на Nissan за истражување и напреден инженеринг, „Оваа технологија овозможува исклучителни перформанси во кривините и погон на лизгавите површини и удобно возење за сите патници“.

Оваа нова технологија настана од лекциите научени во развојот на системот за поделба на вртежниот момент на Nissan GT-R, ATTESA E-TS и интелигентниот теренски 4×4 систем на SUV моделот Patrol.

Новата технологија може да се примени на различни типови возила

Инженерите ја развија технологијата е-4ORCE за управување со излезната сила на електричниот мотор и перформансите за кочење со цел да бидат стабилни. Неспоредливата удобност при возењето е резултат на технологијата е-4ORCE да ги минимизира амплитудите на подигнување и спуштање на возилото.

Тоа се постигнува со употреба на регенеративното кочење на предниот и задниот мотор, со што градскиот начин на сообраќај кој се состои од запирање и движење се прави помалку неудобен.

https://youtu.be/Mu46oFEl440

Слично е и со грубите, нерамни патишта и при забрзувањето управувањето со моторот е оптимизирано за одржување на удобност на возењето минимизирајќи го неправилното движење. Системот е-4ORCE ја зголемува самодовербата на возачот со верното следење на предвидената линија на возење на возачот благодарение на ултра-прецизното управување со моторот и кочниците.

Со самодовербата за ракување со такви различни патни површини, дури и за почетници на лизгави површини, возењето станува поудобно. Она што е уште поинтересно е фактот дека оваа е-4ORCE може да се примени и на различни типови возила, вклучително SUV, седани и хечбекови.

Инаку, Nissan Ariya би требало да добие сериска верзија во 2021. година.

Поврзани вести

Back to top button