fbpx

Nissan објави тизер за Z Proto, премиерата е наскоро

Nissan објави тизер за Z Proto со најава за премиерата, а кратко потоа и дизајнерите од компанијата објавија уште еден цртеж

Следниот Z автомобил на Nissan наскоро пристигнува, со оглед на тоа дека јапонскиот производител го обележа 15 септември како датум за премиера на наследникот на 370Z. Наречен Nissan Z Proto, новиот спортски автомобил беше прикажан како тизер во новото видео заедно со своите претходници.

Кратко потоа, постариот потпретседател за глобален дизајн на Nissan, објави цртеж со кој го прикажа задниот дел на автомобилот. Алфонсо Албасија на Instagram напиша: „Проектите со големо значење не доаѓаат секој ден, згора на тоа, неколку проекти активираат slide-show мемории како Z“.

Албасија не кажа ништо за фотографијата, а на истата е прикажано стилско купе со „течна“ линија на покривот. Продолжуваат суптилните облини и надворешни рабови, а забележливи се и задните светла налик на оние кај 300ZX.

Како и да е, Nissan Z Proto ќе биде претставен во вторник, на 15 септември во Nissan Pavilion во Јокохама, Јапонија. Nissan не сподели никакви други детали, но според шпекулациите, Z Proto е базиран на платформата на 370Z наместо да добие нова архитектура. Се очекува да има околу 400 КС и битурбо 3,0-литарски V6 мотор со шестстепен мануелец или деветстепен автоматик.

Поврзани вести

Back to top button