fbpx

Nissan поднесе тужба против поранешниот шеф Карлос Гон

Јапонскиот производител на автомобили поднесе тужба против поранешниот шеф на Nissan, Карлос Гон, за оштетување на фирмата за околу 90 милиони долари

Јапонската компанија Nissan го обвинува Карлос Гон за недолично однесување и измами кои траеле со години. Гон е соочен со неколку обвинувања за злоупотреба на паричните средства во Јапонија, но тој побегна во Либан пред почетокот на судскиот процес и негира било какви прекршоци.

Компанијата Nissan соопшти дека штетата е пресметана на основа на трошоците на компанијата поради „коруптивната пракса“ на Гон. Во соопштението Карлос Гон се обвинува за користење на имот за станување надвор од Јапонија без плаќање на станарина, приватна употреба на авионот на компанијата, уплата до своите сестри, како и уплати на личен адвокат во Либан.

Од Nissan напоменуваат дека сумата на пари која Гон ја должи веројатно ќе биде уште поголема, како и тоа компанијата ќе го тужи поради неосновани и клеветнички изјави во медиумите во Либан. Гон мина повеќе од сто дена во притвор во Јапонија по апсењето во ноември 2018 година, а побегна во Либан откако беше пуштен на условна слобода.

Карлос Гон тврди дека во Nissan се свртеле против него бидејќи ја приближил компанијата до францускиот партнер, фирмата Renault.

Поврзани вести

Back to top button