fbpx

Освежената Ateca и Tarraco FR во продажниот салон на Seat

Неколку месеци по претставувањето, освежената Seat Ateca пристигна и на македонскиот пазар, заедно со Tarraco во FR ниво на опременост

Првиот и најуспешен SUV на Seat на средина од својот животен век мина низ рестилизирација и освежување. Освежената Ateca сега е достапна и за македонските купувачи, а Авто Плус имаше можност да ја забележи во продажниот салон на Seat во нашата земја, каде исто така го забележавме и Seat Tarraco FR.

Ateca

Seat Ateca за 2021 година пристигнува со стилско освежување на екстериерот и ентериерот, унапредена понуда на моторизација, како и нови безбедносни технологии. Очигледно е дека шпанската марка не сакаше премногу да менува кога станува збор за дизајнот, бидејќи Ateca е еден од најпопуларните модели на Seat, па оттаму освежувањето претставува еден вид еволуција на автомобилот.

Ateca

Генералниот дизајн е задржан, но сега автомобилот е нешто подолг во однос на претходникот, пред се поради новите браници. Забележливи се и новите предни светла со LED технологија кои се во согласност со дизајнерскиот јазик на Seat во последните години. На задната страна се наоѓаат новите светла со LED технологија и динамичните покажувачки за насока.

Ateca

Кога станува збор за ентериерот, тука е 10,25-инчната дигитална инструмент табла, а во зависност од изборот, возачот може да добие 8,25 или 9,2-инчен инфозабавен систем. Тука е и редизајнираниот управувач.

 

Seat Ateca доби и освежен погонски опсег, па сега во понудата се три TSI турбо бензински мотори и два TDI турби дизел агрегати. Базичната понуда е 1,0-литарскиот TSI трицилиндричен мотор, а на врвот на понудата е 2,0-литарскиот TSI со 190 КС и седумстепен DSG менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Tarraco FR

Покрај освежената Ateca, во салонот на Seat успеавме да го забележиме и Seat Tarraco со FR ниво на опременост, што е новитет, со оглед на тоа дека последен пристигна во понудата и широкиот опсег на најголемиот SUV на шпанската марка и е достапен од оваа година.

Tarraco FR се одликува со спортски браници, динамичен двоен издув, уникатен заден спојлер. Дел од пакетот се и карактеристичните 19-инчни тркала, предните спортски седишта со интегриран потпирач за глава и електрика на возачкото седиште. Вреди да се истакне и Park Assist системот за самостојно паркирање кој е стандарден дел од опремата и вклучува и предни паркинг сензори.

Купувачите можат да изберат три моторни единици за Seat Tarraco FR. Тоа се 1,5-литарскиот TSI Evo турбо четирицилиндричен бензински мотор со 150 КС, истата моќност ја има и 2,0-литарскиот TDI четирицилиндричен турбо дизел агрегат, а на крајот е 2,0-литарскиот TDI со 190 КС. Бензинската варијанта е достапна само со погон на предните тркала, додека системот за погон на сите четири тркала е опционален на верзијат со 150 КС, односно стандарден на варијантата со 190 КС. Купувачите кои ќе се одлучат за бензинскиот или послабиот дизел мотор како стандарден добиваат шестстепен мануелец, а како опција го имаат и седумстепениот DSG менувач кој е стандарден кај дизелот со 190 КС.

Цените за Seat Tarraco FR во нашата земја почнуваат од 35.046 евра и се движат до 44.861 евро. За повеќе информации околу освежената Ateca и Tarraco FR посетете го продажниот салон на Seat во нашата земја или официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button