fbpx

Пекинг 2018: Nissan со нов електричен автомобил

На салонот во Пекинг, Nissan ќе претстави три целосно електрични возила на својот штанд, а светската премиера ќе има целосно новата SUV изведба, моделот Terra

Два од електричните модели кои Nissan ќе ги демонстрира на штандот на Auto China 2018 се познати, презентирани за време на меѓународниот салон во Женева оваа година, концептниот IMx KURO и новата генерација на првиот во светот масовно достапен електромобил – LEAF.

За третата електрична изведба од компанијата не даваат никакви детали, но велат дека таа ќе има главен акцент на брендот за саемот и ќе и помогне на компанијата во иднина да го задоволи постојаното зголемување на побарувачката на електрични автомобили во Кина.

Nissan го најави својот нов SUV Terra на крајот од февруари оваа година и потенцира дека ќе биде достапен за купување во Кина и неколку други азиски пазари оваа пролет.

Nissan

Nissan

 

Поврзани вести

Back to top button