fbpx

Pininfarina не отстапува од плановите за Battista и новиот супер SUV

И покрај пандемијата на новиот коронавирусот, компанијата Pininfarina продолжува да ги турка своите планови за електрификација

Pininfarina нема намера да отстапи од своите планови за електрификација, истакнувајќи притоа дека целта за суперавтомобилот Battista да пристигне во рацете на клиентите до крајот на годината останува непроменета. За време на едно неодамнешно интервју, извршниот директор на Automobili Pininfarina, Пер Свантенсон, истакна дека во компанијата се навистина задоволни со тоа како Battista е прифатен во јавноста.

„Производството на високо перформансни автомобили како овој бара огромно и целосно внимание на деталите. Една работа е да се направи прекрасен дизајн, но ние мораме да им ветиме многу повеќе на клиентите и потоа да го одржиме тоа ветување“, изјави Свантенсон. И додека компанијата се уште не ги продала сите свои 150 примероци кои ќе ги произведе, новиот шеф на Pininfarina истакнува дека брендот стои стабилно и дека има повеќе од 100 лица во моментов кои побарале тест возење на Battista.

Pininfarina Pura Vision

Battista не е единственото возило кое е развиено од страна на Pininfarina. Производителот ветува и широк спектар на електрични автомобили веќе некое време, а првиот модел кој ќе се појави е супер SUV модел, кој во моментов е познат како Pura Vision, чија премиера требаше да се случи во август на Concours d’Elegance, но овој настан е откажан.

Pininfarina

Електричниот SUV на Pininfarina според најавите требаше да ја користи платформата од американската компанија Rivian, но откако компанијата потпиша договор со Amazon минатата година, надежите на Pininfarina за користење на оваа платформа згаснаа. Свантенсон истакнува дека компанијата е во преговори со нови партнери за лансирање на возилото.

Pininfarina

„Генералниот план останува ист, но не можам да ветам дека почетниот циклус ќе остане ист како претходно. Во моментов разгледуваме некои интересни можности кои ни беа презентирани неодамна, што не тера да размислуваме и за секвенцата на идните модели. Можам да ветам дека нема да забавиме, туку напротив, ќе забрзаме“.

Иако Свантенсон не откри конкретно со кого Pininfarina ќе создаде партнерство за да го направи електричниот SUV реалност, тој истакна дека брендот е во преговори со голем број „мејнстрим“ автомобилски компании.

Поврзани вести

Back to top button