fbpx

Последен тизер за Maserati MC20 пред премиерата

Камуфлажното „одело“ од новиот суперавтомобил на Maserati, моделот MC20, ќе биде соблечено за само неколку дена кога ќе се случи официјалната премиера

Maserati MC20 ќе ја доживее својата премиера на 9 септември, а италијанскиот производител продолжува со тизер кампањата која полека се доближува кон својот крај. Најновото видео претставува краток поглед на спортскиот автомобил во Венеција и притоа се нагласуваат некои делови од возилото.

Иако MC20 се уште не дебитирал, познато е дека ќе се напојува со новиот битурбо 3,0-литарски V6 мотор на Maserati наречен Nettuno. Централно поставениот агрегат испорачува 630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор поддржува и хибридизација, така што електрифицирана варијанта на MC20 се очекува да пристигне наскоро по премиерата.

Иако последниот тизер не прикажува нешто многу за самиот автомобил, од претходните фотографии и тизери кои се појавуваа, можеше да се добие подобра идеја за тоа што ни претстои. Сепак, Maserati се уште не успеал да не „почасти“ со чист поглед во внатрешноста на MC20. Но, за среќа, треба само да се стрпиме уште некој ден за да го видиме во полн сјај.

Инаку, MC20 е „духовен наследник“ на MC12. Сепак, новиот модел нема да биде ниту приближно редок, а исто така нема да има никаква врска со Ferrari Enzo. Исто така, по премиерата на стандардниот модел, другите варијанти ќе влезат во производство, како кабрио верзијата која ќе пристигне една година по купето.

Поврзани вести

Back to top button