fbpx

Регулаторна ја зголемува цената на бензините

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава ги поскапува бензините

РКЕ донесе најнова одлука за малопродажните цени на нафтените дервита во нашата земја, а според истата, од вечерва на полноќ ќе поскапат бензините, додека цената на дизелот не се менува. Според најновата одлука, се бележи зголемување на цената во просек од 0,83 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката од минатата недела.

Според ова, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар по литар гориво. Со ова, од вечерва на полноќ ќе точиме Еуросупер БС-95 по цена од 58,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по наточено литар гориво.

Цената на Еуродизел останува 49,50 денари согласно одлуката од минатата недела.

Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,421%, а кај дизелот зголемување во просек за околу 1,816%.

Поврзани вести

Back to top button