Renault-Nissan именуваше инженер да ја надгледува алијансата
Renault и Nissan денеска го промовираа Хади Заблит како генерален секретар на нивната алијанса за забрзување на деловната ефикасност на компаниите
49-годишниот Заблит во моментов е шеф на секторот за бизнис развој на алијансата Renault-Nissan.
Тој ќе застане на новата позиција од понеделник и ќе се фокусира на максимизирање на придонесот во профитот на секоја компанија, соопштија производителите.
Вo својата нова улога, Заблит ќе има задача да ги надгледува проектите за да им овозможи на производителите, заедно со помладиот партнер Mitsubishi Motors, да работат поефикасно. Од aлијансата тврдат дека деталите за овие проекти ќе бидат објавени во следниот период.
Позицијата на Заблит е првата извршна улога која е објавена од страна на алијансата, откако минатата година беше уапсен нивниот поранешен лидер Карлос Гон во ноември минатата година. Оттогаш, некои од позициите кои се фокусираат на заедничките задачи на алијансата, вклучително и комуникациите, престанаа да функционираат.
Renault има удел од 43% во акциите на Nissan, откако францускиот производител на автомобили го спаси Nissan од финансиската криза пред две години. Нивното партнерство се фокусираше на користење на нивното заедничко левелирање за намалување на трошоците за истражување и развој, набавка и производство.
Заблит ја започна својата кариера во Renault во 1994. година како инженер за процесно производство во одделот за електрична енергија. Во 2000. година тој замина да работи во Boston Consulting Group, каде беше лидер за автомобилскиот сектор за Европа и еден од водачите за светската иновативна пракса.
Заблит се врати во Renault во 2017. година. Во својата сегашна улога кај францускиот производител тој е задолжен за развој на платформата за сегментот Module Family A, потоа за производителите и нови технолошки партнерства, услуги за мобилност, синхронизација на планирањето на производите и инвестициите на алијансата.