fbpx

РКЕ одлучи, поскапувањата на горивата продолжуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја

Со својата најнова одлука, согласно методологијата за утврдување на цените, Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени на горивата во нашата земја.

Во согласност со тоа, нафтените деривати во нашата земја ќе поскапат за 1,5 проценти во однос на минатата недела, со што продолжува трендот на посакпување на горивата.

Со најновата одлука на РКЕ, од ноќеска на полноќ бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека цената на Еуродизелот ќе се зголеми за половина денар. Според ова, во текот на следната недела Еуросупер БС-95 ќе се точи за 69,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 71,50 денари, а Еуродизел ќе се продава за 62 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,681%, а кај дизелот за 1,934%.

Поврзани вести

Back to top button