fbpx

Smart го најави Vision EQ ForTwo

Единицата за компактни автомобили на Daimler- Smart, најави дека за време на меѓународниот саем во Франкфурт, кој почнува по помалку од две недели, ќе претстави нова концептуална разработка

Единицата за компактни автомобили на Daimler– Smart, најави дека за време на меѓународниот саем во Франкфурт, кој почнува по помалку од две недели, ќе претстави нова концептуална разработка. Главен акцент на овој концепт ќе биде дизајнот, автономното управување како и споделување на транспортните средства. Новиот концепт се нарекува Vision EQ ForTwo и истиот е со електричен погон кој има литиум-јонски батерии со 30 kWh моќ.

Smart Vision EQ ForTwo

Vision EQ ForTwo

Интересно кај овој автомобил е тоа што нема волан и педали за управување, наместо тоа е поставен 24 инчен дисплеј на кој ќе се презентираат сите информации од управувањето. Неговите пропорции изнесуваат, должина- 2699 mm, ширина- 1720 mm и висина- 1535 mm.

https://youtu.be/4Afk82PW_Y4

Поврзани вести

Back to top button