Пристигнува Volkswagen Arteon R
Volkswagen со најавување на Arteon R силно потенцира дека сака да ја оживее R линијата
Volkswagen со најавување на Arteon R силно потенцира дека сака да ја оживее R линијата. Германскиот концерн набрзо ќе има дури четири нови модели од оваа линија.
Иако не е официјално, веќе неколку медиуми најавија дека T-Roc, Tiguan, Touareg како и Arteon ќе го ностат беџот R. Сето ова Volkswagen го прави заради тоа што моделите со подобри перформанси имаат одлични бројки во продажбата, особено кај помладата популација.
Во главно овие модели ќе бидат опремени со агрегати со четири цилиндри, освен моделот Arteon кај кој се очекува и V6 верзија. Покрај горенаведените модели во план е и помоќна верзија на Golf R.